Претседателот на македонското Собрание се сретна со хрватскиот претседател Јосиповиќ

Од:

Македонија и Хрватска немаат отворени прашања, а билатералните односи на сите полиња во изминатиот период се во постојан подем. Ова го констатирале на денешната средба во Скопје претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски и хрватскиот претседател Иво Јосиповиќ.

Вељаноски, како што соопшти неговиот Кабинет, на средбата истакнал дека со приемот на Хрватска, Република Македонија доби уште еден пријател во европското семејство, потсетувајќи дека евроатлантските интеграции беа определба и константа на двете држави.

Претседателот на македонското Собрание истакнал дека двете држави заедно го одеа овој пат, но поради познатите причини, Република Македонија беше блокирана од страна на јужниот сосед.

На средбата станало збор и за унапредувањето на парламентарната соработка, за која Вељаноски истакнал дека е успешна и дека е значаен инструмент во градењето на севкупните билатерални односи.

Двајцата соговорници разговарале и за актуелните политички случувања во Македонија и Хрватска.

Претседателот на Република Хрватска на средбата истакнал дека како и досега, така и во иднина, Хрватска во целост ќе ги поддржува евроатлантските интеграции на Република Македонија, како и во пренесување конкретно искуство во политичката и во техничката сфера за побрзо интегрирање во Европската унија. Тој се осврнал и на положбата на хрватското малцинство кај нас и македонското во Хрватска, истакнувајќи дека и двете држави преземаат конкретни мерки за зачувување и развивање на нивната положба во самите држави. Во однос на спорот со нашиот јужен сосед, Република Хрватска, како што се наведува во соопштението, ќе го поддржи секое решение што е прифатливо за нас.

На средбата Вељаноски и Јосиповиќ размениле мислења за економијата, одбраната, транспортот, земјоделството и туризмот во двете држави, за кои се согласни дека треба на меѓусебен план уште повеќе да се унапредуваат.

Би можело да ве интересира

Реџепи: Денеска за малку ќе бевме сведок на нов скандал од страна на претседателот на Собранието

Засега без јавно образложение е одложена денешната седница на Комисијата за контрола на АНБ

Горан Наумовски

Ја искасапи сопругата, па телото го фрли во септичка јама

А1он

Пленковиќ: Србија e на работ на граѓанска војна

Горан Наумовски

Нови детали за балканската шпионско-љубовна драма – хрватскиот пилот знаел дека неговата девојка „споделува“ податоци

А1он

Воен пилот од Хрватска и неговата партнерка од Косово шпионирале за Србија?

А1он