Претседателот на Македонска Алијанса, Атанасоски имал неформална средба со албанскиот претседател Мета

Од:

Претседателот на Македонска Алијанса Ѓорѓија Џорџ Атанасоски денеска во Пустец, Албанија, оствари неформална средба со албанскиот претседател Илир Мета.

Како што соопшти Македонска Алијанса, Атанасоски на средбата со Мета разговарал за позицијата на Македонците во Албанија и за нивно целосно партиципирање во власта.

Мета на средбата потврдил дека Македонците сигурно ќе бидат застапени во албанските институции во поголем број, а, како што рекол, има и големи шанси Васил Стерјовски да биде првиот Македонец во Албанскиот Парламент.

Средбата била остварена непосредно пред предизборниот митинг во општина Пустец каде Илир Мета бил гостин на промоцијата на Васил Стерјовски за иден пратеник од партијата „Македонска Алијанса за европска интеграција“ кој е дел од коалцијата предводена од „Социјалистичкото движење за интеграција“.

Претходно Атанасоски се сретнал со градоначалникот на Пустец, Едмонд Темелко, кандидатот за пратеник Васил Стерјовски и министерот за земјоделие Едмонд Панарити. Разговарале за состојбата на Македонците во оваа општина и можностите за поголема интеграција на македонската заедница во албанските институции.

Атанасоски ги повика сите Македонци да го дадат гласот за историски успех на македонското малцинство во Албанија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Насилни протести во Албанија: Пиротехника, но и Молотови коктели се фрлаа кон зградата на владата

Горан Наумовски

Вучиќ: Загрозени сме од воениот сојуз на Хрватска, Албанија и Косово, ќе ја браниме нашата територија

Катерина Ѓуровски

Албанска актерка ја тужи Владата во Тирана за кражба на нејзиното лице и глас за создавање „виртуелна министерка“

А1он

Поплави во Албанија, загина комунален работник

А1он

Спиропали: Заедничката иднина на Македонија и Албанија e во ЕУ

Горан Наумовски

ВИДЕО: Хаос во албанскиот парламент, пратениците се тепаа, летаа чадни бомби и шишиња

Катерина Ѓуровски