Претседателот на ЛДП во Охрид малтеретиран од полицијата

Од:

Претседателот на ЛДП во Охрид, Дејан Блажески обвинува дека без посебно образложение бил малтретиран од страна на двајца полициски службеници од Охрид. Иако настанот се случил минатата сабота, не сакал да реагира за да не биде сфатен дека ја злоупотребува партијата

„Попладнето, се рекреирав на патеката на која последниве 2 години тоа го правам секојдневно. На улицата Крали Марко на околу 1 километар од мојот дом, од позади грб, бев запрен од полициско комбе со двајца полицајци кои прво грубо ме распрашуваа што правам, за што јас детално им обајснав и им ги дадов моите генералии. Само по минута од разговорот, без никаква провокација од моја страна, излегоа од полициското комбе, грубо претресувајќи ме, постапувајки како со криминалец, потоа во два наврати ме ставаа и вадеа од комбето, со виткање на рацете и тегнење на гардеробата. Сето ова беше проследено со вербални навреди и закани, пред очите на многумина граѓани.На секое мое обракање со господа, тие одговараа со навреди. После некое време, без никакво објаснување ми кажаа да продолжам и грубо ме избркаа“, вели Блажески

„Се прашувам зошто полицијата не го заштитува сопствениот народ, како во земјите со напредна демократија, туку го напаѓаат и малтретираат? Тој ден на мое место можеше да биде човек со нарушено здравје, турист па и дипломатски претставник на некоја земја. Каква е пораката која ја праќаме со ваквото однесување“, прашува Блажески

Претседателот на охридските либералдемократи поднел преставка во полициската станица –Охрид, при што ги информирал сите одговорни. Ја чека како што вели внатрешната контрола на МВР да си ја заврши работата.

Мики Трајковски

Би можело да ве интересира

Охридскиот регион остана под заштита на УНЕСКО, ќе се ангажира фирма која ќе ги урне дивоградбите во Охрид, рече Мицкоски

Љутков: Извештајот на УНЕСКО за Охрид се однесува токму на периодот на владеење на СДСМ и ДУИ

СДСМ: Охрид е на чекор од губење на статусот на заштитено светско наследство

УНЕСКО бара Охридскиот регион да биде поместен на Листата светски природни и културни реткости во опасност

ВИДЕО: Се запали глисер закотвен во Студенчишкиот канал во Охрид

Катерина Ѓуровски

Жена од Јапонија паднала кај Канео, била во бесознание па е згрижена во болницата „Свети Еразмо“

Горан Наумовски