Претседателот на Европската федерација на ветеринари Рафаел Лагуенс во Скопје

Од:

Претседателот на Европската федерација на ветеринари (ФВЕ), Рафаел Лагуенс денеска и утре ќе престојува во работна посета на Ветеринарна комора на Република Северна Македонија.

Освен состаноци со претставниците на Ветеринарната комора на кој ке се разменат информации, мислења и искуства за актуелниот момент во кој се наоѓа ветеринарната професија во нашата земја, Лагуенс ќе ги посети Агенцијата за храна и ветеринарство и Факултетот за ветеринарна медицина во Скопје и ќе оствари средби со челните луѓе на тие институции.

ФВЕ е единствена ветеринарна асоцијација составена од ветеринарните комори на 39 европски земји. Нејзината примарна мисија е да се залага за подобрување на здравјето и благосостојбата на животните, јавното здравје на населението, заштитата на животната средина и промовирањето на ветеринарната професија.

Федерацијата на ветеринари, исто така, активно учествува во креирањето на европските директиви и прописи од областа на ветеринарното здравство, што е особено значајно за нашата држава која е во процес на пристапување кон ЕУ, а значаен дел од претпристапните преговори се однесуваат на хармонизација на ветеринарно-здравствената легислатива.

Би можело да ве интересира

Уништена е над еден тон небезбедна храна од продавниците за здрава храна

А1он

АХВ апелира до сопствениците: Чипирањето на кучињата e законски задолжително

Горан Наумовски

АХВ нема да постапува по анонимно поднесени претставки

АХВ лани спровела над 125 илјади контроли, изречени казни од 618 илјади евра

Казни од 40 илјади евра по вонредните контроли во маркети и хипермаркети од страна на АХВ

Предраг Петровиќ

АХВ уништи над 624 кг. небезбедна храна, изречени се казни од над 33.000 евра