Претседателот на Движењето БЕСА, Африм Гаши, денес оствари работна средба со Центарот за економски анализи, познат како реномиран центар во областа на економските анализа, финансиите и даночна политика.
Целта на оваа средба беше дискусија за да се понуди на граѓаните што е можно подобра економска платформа која ќе го стимулира економскиот развој, ќе ја намали невработеноста, и ќе создава подобри услови и поголем простор за приватниот сектор во земјата за да се создадат подобри услови за граѓаните, особено за младите, својата перспектива да ја гледаат во земјата.
Исто така со оваа средба и со многу други кои ќе следат, се упатува порака дека Движењето БЕСА и претседателот Африм Гаши ќе градат партнерства со различни организации во функција на зголемување на благосостојбата на граѓаните.