Претседателот Иванов приреди ифтарска вечера

Од:

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, вчера вечер приреди ифтарска вечера по повод светиот муслимански месец Рамазан.

Претседателот Иванов, како што соопшти неговиот кабинет, на присутните гости и на сите припадници на исламската вероисповед им ги честита рамазанските пости и светиот месец Рамазан кои ги негуваат вредностите кои ги зближуваат и ги поврзуваат луѓето меѓу себе.

– Ова се денови кога треба да се укаже чест и внимание, кога треба да се негуваат обичаите на нашата специфична македонска култура на традиција и соживот, рече претседателот Иванов во своето обраќање.

Македонскиот претседател истакна дека постот не е само откажување од храна, туку дека е и момент на почит на својата религија, на своето семејство, на своите ближни, воедно посакувајќи им на присутните многу радост, здравје, среќа и бериќет.

– Ви посакувам вам и на вашите семејства, на вашите ближни да ги пренесете сите пораки на љубов, на солидарност и почит. Да се почитуваме затоа што од почитта извира сето она што нè држи заедно“, порача претседателот Иванов.

На ифтарската вечера присуствуваа претставници на јавниот живот, дипломати, бизнисмени, како и претставници на граѓански асоцијации и здруженија од Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Џафери на Ифтарската вечера упати пораки за взаемна почит, желби за добро здравје, благосостојба и успех

Горан Наумовски

Иванов: Се исполнува визионерскиот став на Кисинџер дека за конфликтот во Украина кога тогаш мора да почне дијалог

Горан Наумовски

Ќе воскресне ли аболицијата од Иванов – скопски адвокат поднел барање до Врховен

Анита Петровска Рајковиќ

(ВИДЕО) Ковачевски, домаќин на Ифтарска вечер: Обединети во вистинските вредности, градиме заедничка иднина

Горан Наумовски

ДКСК: Обвинувањата од Иванов се паушални

Ана Ололовска

Порнешниот претседател Иванов бара од Антикорупциска информација за предметите што се водат за него

Ана Ололовска