Претседателот Иванов на 69. Генерално собрание на ОН во САД

Од:

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов од денеска до 28 септември ќе престојува во САД, по повод учеството на 69. Генерално собрание на Обединетите нации, каде ќе има обраќање на генералната дебата на 26 септември 2014 година.

Во рамки на учеството на Генералното собрание, македонскиот претседател ќе оствари средба со генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун, а ќе учествува и на приемот што за шефовите на делегации ќе го приреди Претседателот на САД Барак Обама, на приемот организиран од Постојаната мисија и Генералниот конзулат на Јапонија во Њујорк и на приемот организиран од страна на Кралот Фелипе VI и Кралицата Летиција од Шпанија.

На маргините на одржувањето на Генералното собрание на ОН предвидени се билатерални средби на претседателот Иванов со шефови на држави и влади.

За време на престојот во Њујорк предвидено е претседателот Иванов да присуствува на Климатскиот самит 2014, како и на приемот на Клинтон Глобалната иницијатива.

По пристигнувањето во САД, претседателот ќе се сретне со претставниците на македонската дијаспора во Њу Џерси. За време на престојот е предвидена и средба со претставници на македонската заедница во Њујорк, како и со претставници на Националниот американско-албански комитет.

За време на престојот во САД, Иванов ќе биде придружуван од сопругата, Маја Иванова која ќе присуствува на приемот за сопругите на шефовите на делегациите, организиран од сопругата на Генералниот секретар на ОН, Бан Сун Таек, на собирот на иницијативата Фешн 4 Дивилоупмент, како и на собир посветен на аутизмот.

Би можело да ве интересира

Пендаровски во ОН: Одговорно визионерско лидерство, поголема емпатија, соработка и солидарност

А1он

Гутереш: Туризмот во светот со загуба од 320 милијарди долари, под ризик 120 милиони работни места

Ана Ололовска

Одобрени приоритетите за соработка меѓу С. Македонија и ОН за 2021-2025

Ана Ололовска

Заев: Пред 27 години нашата државност, посебност, нашиот идентитет и култура беа признаени и верификувани од целата меѓународна јавност

Ана Ололовска

Спасовски: Поминавме многу премрежја во минативе 27 години, да останеме обединети, силни и посветени и во овие тешки моменти

Ана Ололовска

Дваесет и седум години од приемот на земјава во ОН

Ана Ололовска