Претседателот Иванов ги посети повредените патници во болницата 8-ми Септември

Од:

Претседателот Ѓорге Иванов, денеска во Градската општа болница 8-ми Септември во Скопје, посети дел од хоспитализираните патници кои беа повредени во вчерашната автобуска несреќа, што се случи на патот Скопје – Тетово во близина на селото Ласкарци. Македонскиот претседател на повредените им посака побрзо закрепнување и што поскоро враќање во своите домови и кај своите семејства, информираа од кабинетот на Иванов.

Претходно, во општина Гостивар претседателот Иванов се обратил на Комеморативната седница во чест на загинатите граѓани во тешката сообраќајна несреќа и ги посети ги посети семејствата Узеири, Трпевски и Исмаили, чиишто членови се меѓу загинатите патници.

–Ова е тажен ден за Македонија, тажен ден за сите нас. Вакви настани да не ни се случуваат. Нека им е вечна слава, рече претседателот Иванов, во своето обраќање на Комеморативната седница.

Би можело да ве интересира

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он

Едно лице загина, а осуммина се повредени во сообраќајна несреќа во БиХ

Горан Наумовски