Претреси во Скопје и скопско, приведени двајца дилери, пронајден кокаин и марихуана

Од:

По повеќемесечна криминалистичка истрага, од страна на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал – Сектор за криминалистички истраги – Единицата за недозволена трговија со дрога, разбиена е криминална група на подрачјето на Скопје. Имено, лицата подолг период вршеле продажба на наркотични дроги марихуана и кокаин, за што од страна на ЕНТД при ОСОСК се обезбедени материјални докази. Во текот на целата истрага вкупно се приведени 13 лица кај кои се пронајдени кокаин и марихуана.

Само во текот на вчерашниот ден (01.04.2022), врз основа на наредби од судија на претходна постапка од Основен кривичен суд Скопје, ЕНТД во содејство со Специјалната антитерористичка единица Тигар изврши претреси на шест локации во Скопје, Арачиново и Радуша, при што се пронајдени повеќе килограми наркотична дрога марихуана и повеќе полиетиленски пакувања со кокаин, како и ваги и други предмети од кривични дела. Приведени се Ш.И.(36) и Ј.Х. (21), а се трага по С.И.(30).

До Основното јавно обвинителство поднесена е кривична пријава против три лица Ш.И.(36), С.И.((30) и Ј.Х.(21) поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” по член 215 од Кривичниот законик на Република Северна Македонија, а од Судија на претходна постапка им е одреден притвор.

Би можело да ве интересира

Малолетник од Боговиње ранет во стомакот, наводно од случајно испукан куршум

Катерина Ѓуровски

Млад делчевец нашол 114.000 денари и 2.000 евра, ги однел во полиција

Катерина Ѓуровски

Четворица пијани возачи предизвикале сообраќајни несреќи, една со смртен исход

Охриѓанец почина откако кануто му се превртело во Езерото

Катерина Ѓуровски

66-годишен маж пронајден починат во неговиот дом во Кичево

Катерина Ѓуровски

Избегал од затворот во Струмица па ја грабнал поранешната девојка