Претреси во Штип, пронајдени повеќе украдени предмети

Од:

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека при претреси во Штип се пронајдени повеќе украдени предмети.

„На 15.04.2022 во периодот од 08.30 до 12.00 часот по претходно добиени сознанија од страна на полициски службеници од СВР Штип и Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за општ и насилен криминал, во содејство со претставници од Државен инспекторат за животна средина и Државен пазарен инспекторат, согласно издадените судски Наредби за претрес на нелегални откупни пунктови за секундарни суровини, извршени се претреси на 4 локации на подрачјето на град Штип, со цел пронаоѓање на предмети кои потекнуваат од кривични дела „тешки кражби“, „кражби“ и „загрозување на животната средина и природата со отпад“.

При претресите во просториите кај едно правно лице и кај три физички лица Ѓ.К, А.Д. и Т.Т., сите од Штип, пронајдени се предмети за кои постојат основи на сомнение дека потекнуваат од кривично дело „загрозување на животната средина и природата со отпад“, казниво по чл.230 од Кривичниот законик и кривични дела „кражба“ и „тешка кражба“, кои со потврда привремено се одземени и ќе бидат вратени на оштетените граѓани.

Од страна на инспекторите од двата државни инспекторати констатирани се неправилности во работењето кај сите откупни пунктови. Се работи на целосно документирање на случаите по што од страна на надлежните до ОЈО Штип ќе бидат поднесени соодветни пријави“, велат од МВР.

Би можело да ве интересира

МВР потврди: Помошник директорот во сектор-администрација во Царина е приведен со обележани 17.500 евра

А1он

Битолската полиција за шест часа казни 77 возачи на мопеди и електрични тротинети

А1он

Убиство во Дуќанџик – пукаа кон петмина, 26 годишен скопјанец настрада

А1он

МВР: Криминална група лажираше надоместоци при регистрација на возила и переше милиони преку осигурителна компанија

Горан Наумовски

Во штипско Ново Село панихида за Тодор Александров, се одбележаа 102 години од неговото убиство

Штип е без вода, филтер станицата e исклучена поради екстремна заматеност од синоќешното невреме

Горан Наумовски