Претреси во Делчево, откриена група што фалсификувала пари

Од:

По пријава за сомнеж за извршено плаќање со фалисификувани пари, во продавница во Пехчево, полицијата открила случај на фалсификување банкноти во кој, според оперативни сознанија, биле вклучени неколку лица од Делчево.

-На 25.11.2020 од страна на А.К. од Пехчево околу 19.30 часот е пријавено кривично дело „фалсификување на пари“ од чл.268 од КЗ. Имено А.К., продавачка во продавница пријавила дека во продавницата влегло машко лице и побарало една кутија цигари, но, бидејќи немало денари, платило со банкнота од 50 евра. Подоцна А.К. се посомневала дека банкнотата е фалсификат и случајот го пријавила во полициска станица. Од страна на ОВР Берово, по овластување на ОЈО Кочани, е извршен увид во продавницата и извршени се оперативни проверки, од кои е дојдено до сознание дека можен сторител е малолетник (17) од Делчево, а биле инволвирани и други лица, информира МВР.

На 26.11.2020 полициски службеници од ОВР Делчево извршиле претрес на три локации во Делчево и извршен е разговор со четири лица.

-Претрес е извршен кај С.М. (19) и во домови на двајца малолетници (17) и (16) од Делчево. Од извршените претреси одземени се лаптоп, три мобилни телефони и испечатани разни банкноти. Потоа во полициска станица извршен е разговор со уште еден малолетник (16) од Делчево, појаснуваат од МВР.

Оттаму најавуваат дека по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок до надлежното обвинителство.

Би можело да ве интересира

Измамени две стари лица за лажни сообраќајки и лажно претставување како лекари на подрачјето на Штип во последните 24 часа

МВР: Ќе се формира национален комитет за заштита на новинарите, нивната безбедност е врвен приоритет

Граѓанците да ги ажурираат податоците за „Безбеден град“, повика МВР

Тешко повредени тројца пешаци во три сообраќајни несреќи

Стопанска комора: Потребни се решенија, не блокади на граничните премини

Од 12 часот стоп за камионите на границите, МВР гарантира проток за автомобили и автобуси

Горан Наумовски