Претреси во Битола, пронајдена дрога, приведени шест лица

Од:

Вчера, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола извршиле претреси на повеќе локации во Битола и прегледи на повеќе лица, при што биле пронајдени хероин, марихуана и други предмети, извести МВР.

– При претрес со судска наредба во домот на Л.Н.(39) од Битола биле пронајдени и одземени марихуана, дробилка со остатоци од марихуана и други предмети. При претрес во домот и други простории кои ги користи О.П.(44) од Битола, извршен со судска наредба, биле пронајдени повеќе предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат и се поврзани со кривично дело по член 215 од Кривичниот законик, соопшти МВР.

При преглед на П.П.(40) од Битола бил пронајден и одземен хероин. Додека, при преглед кај О.Д.(37) од Битола, исто така, бил пронајден и одземен хероин, а со него биле затекнати и Г.С.(20) од Битола и Ф.О.(36) од Ресен, додаваат од Министерството за внатрешни.

Сите лица биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни пријави.

Би можело да ве интересира

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби