Претрес во струмичко, приведен разбојник

Од:

Денеска во 01.00 часот по полноќ полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода 20-годишниот Д.П. од село Ангелци, струмичко, извести МВР.

– Тој се сомничи дека на 13.05.2023 околу 22.20 часот заедно со уште две малолетни лица од струмичко, во Градскиот парк во Струмица физички нападнале тројца малолетници од Струмица и со закана со остар предмет им ги одзеле мобилните телефони, велат од МВР.

„Од страна на полициски службеници, по добиена судска наредба, бил извршен претрес во домот на Д.П., при што бил пронајден еден од мобилните телефони одземени при извршеното кривично дело. Утврден е и идентитетот на двајцата малолетници, кои заедно со Д.П. го извршиле кривичното дело и против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок согласно Закон за правда на децата“, се додава во соопштението на МВР.

Д.П. бил задржан во полициската станица Струмица и во текот на денот ќе биде изведени пред судија на претходна постапка од Основен суд Струмица.

Би можело да ве интересира

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби