Претрес во Кочани, приведен дилер, пронајдени 105 пакувања марихуана подготвени за продажба

Од:

Од страна на полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Кочани денеска околу 13.00 часот бил лишен од слобода 33-годишниот Е.Х. од Кочани, извести МВР.

– Имено, по обезбедена наредба од Судија на претходна постапка од Основен суд Кочани, извршен е претрес на дом и други простории кои ги користел Е.Х., при што се пронајдени и одземени 105 пакувања марихуана, подготвени за продажба. Дрогата е одземена, а лицето е приведено, соопшти МВР.

Известен е Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка согласно член 215 од Кривичниот законик.

Би можело да ве интересира

МВР во 2026 сè уште работи со тефтери, Тошковски најавува дигитализација за три до четири месеци

За пет часа полицијата напиша 221 казна за пешаците во Македонија

А1он

Пораст на измами за сообраќајни прекршоци, МВР апелира на внимателност

Лишен од слобода 49-годишник од Охрид, при претрес пронајдени дрога и пари

Јанев за акцијата во Куманово: Криминалната група дејствувала повеќе од пет години

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари