Претрес во кичевско, приведен дилер на дрога

Од:

полициски службеници од ОВР Кичево привеле 48-годишен маж од селото Гарани, поради тоа што кај него пронашле марихуана, дигитална вага и разни предмети со остатоци од прашкаста материја, информира МВР

– На 18.05.2021 во 19.30 часот во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишиле од слобода С.И.(48) од с.Гарани, кичевско. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, дигитална вага и разни предмети со остатоци од прашкаста материја, соопштува МВР.

Тој бил приведен и задржан во ОВР Кичево и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена пријава по 215 од Кривичниот законик за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

Би можело да ве интересира

Лишен од слобода 49-годишник од Охрид, при претрес пронајдени дрога и пари

Јанев за акцијата во Куманово: Криминалната група дејствувала повеќе од пет години

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари

Рекордна заплена на кокаин во Виена, уапсени се Србин и Хрват

МВР: Расчистено e вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена е кривична пријава по брза постапка

Горан Наумовски

Марихуана, кокаин и прашкасти материи се пронајдени на повеќе локации, приведени се пет лица