Претпладне променливо облачно со дожд, попладне претежно сончево и посвежо

Од:

Претпладне ќе биде променливо облачно со услови за краткотраен локален дожд и појава на грмежи. Попладне облачноста ќе се намали и ќе преовладува сончево и посвежо време со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови засилен ветер од западен и северозападен правец.

Како што инфомираат од УХМР, минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 25 до 33 степени.

Во Скопје претпладне ќе биде променливо облачно, а попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 30 степени.

Од утре следува период на стабилно и посвежо време со умерен до засилен ветер од северен и северозападен ветер.

Би можело да ве интересира

Денеска облачно и релативно топло, со локални врнежи од дожд

Горан Наумовски

Денеска ќе е променливо облачно, температурата до 19 степени

Денеска облачно со сончеви периоди, од среда дожд

Денеска променливо облачно со повремен локален дожд

Денеска променливо облачно и максимални 33 степени

Денеска посвежо со пониски максимални дневни температури