Претежно сончево и значително потопло

Од:

Времето денеска ќе биде претежно сончево и значително потопло со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 17, а максималната ќе достигне од 23 до 31 степени Целзиусови.

И во Скопје ќе биде сончево и потопло. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 29 степени.

Стабилно и значително потопло ќе биде и утре, а од среда попладне ќе биде нестабилно во западните делови. Во деновите кон викендот повремено ќе има услови за пороен дожд проследен со грмежи и засилен ветер и во останатите делови од земјата.

Би можело да ве интересира

Денеска сончево и топло со температури до 18 степени

Денеска сончево со мала до умерена локална облачност и температура до 19 степени

Денеска сончево со слаб ветер, температура до 16 степени

Денеска променливо облачно време со сончеви периоди

Денеска сончево со минусни утрински температури, преку ден до 15 степени

Денеска сончево и топло со мала до умерена облачност