Претепан скопјанец додека седел на клупа пред зграда

Од:

Ноќеска околу 1 часот по полноќ С.Р. (58) бил претепан од шест непознати машки лица додека седел на клупа пред зграда на улицата „Боро Менков“ во Скопје и ја чекал својата девојка. Во нападот тој се здобил со тешки телесни повреди и скршеница на едно ребро. Причината за нападот била што лицата не му дозволувале да седи на клупата.

– Во 01:30 часот во Скопје на улицата „Боро Менков“, додека С.Р.(58) од Скопје, ја чекал неговата девојка, бил физички нападнат од страна на шест засега непознати машки лица, на возраст од 30-45 години, удирајќи го со тупаници и клоци во пределот на лицето и телото, по што се упатиле во непознат правец. Причина за нападот била што истите не му дозволувале да седи на клупата која била пред самата зграда. Во нападот, С.Р. се здобил со тешки телесни повреди и фрактура на 8-мо ребро, соопшти денеска МВР.

Нему му била укажана лекарска помош во Ургентниот Центар -Скопје. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите.

Би можело да ве интересира

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он