Претепан поради Фејсбук расправија

Од:

Дваесет и пет годишниот С.П. вчера рано утрото бил претепан од четворица скопјани на возраст од 22 до 37 години на бул.„Партизански Одреди“ поточно во ТЦ „Порта Влае“.

Напаѓачите го удриле со шише по главата, а еден од нив, Ж.П., со нож му нанел повреда во пределот на левата надлактица.

Повредениот скопјанец со возило на Брза помош бил пренесен во ГОБ„8-ми Септември“ за укажување на лекарска помош , каде му се констатирани телесни повреди.

Од разговорот со С.П. полицијата дознала дека причина за физичкиот напад била предходна расправија на фејсбук со горенаведените лица.

По кратко време пронајдени се и приведени осомничените лица извршен е разговор со истите и по целосно расчистување и документирање на случајот, против истите СВР Скопје ќе поднесе соодветна кривична пријава.

Би можело да ве интересира

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ