Претепан 28-годишен кочанчанец

Од:

Дваесет и осумгодишниот кочанчанец А.И синоќа бил претепан во неговиот дом во Кочани од братот на неговата поранешна сопруга, триесет и седумгодишниот К.А.

МВР соопшти дека А.И синоќа во 23 часот и 50 минути пријавил дека во неговата семејна куќа му била нанесена тешка телесна повреда. Додека пријавителот спиел во куќата која не била заклучена  и во која била сам, ненадејно влегол К.А и без повод и причина го нападнал со тупаници  во пределот на главата.

Од ударите  му била нанесена тешка телесна повреда, скршеница на долната вилица.  А.И. за санирање на повредите се јавил во болница во Кочани, а потоа е упатен во Клиничката болница во Штип.

По документирање на  случајот против К.А. кој од порано е познат на службата  како сторител на повеќе имотни деликти и насилства  ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Тешко повредена е 21 годишна велешанка – падна од мотоцикл

А1он

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата