Пресудата за заканувачот Емил Јакимовски, поранешниот вработен од Централниот регистар и член на ВМРО ДПМНЕ, ќе биде изречена на 16 март.
На денешното рочиште кое беше затворено за јавноста се изнесуваа завршните зборови. Речиси сите рочишта од овој судски спор беа затворени за јавноста бидејќи се изнесуваа информации кои се од приватниот домен на животот на обвинетиот и оштетените.
Тој се товари за семејно насилство и загрозување на сигурноста со сериозна закана кон неговата поранешна сопруга Драгана Јакимовска и закани упатени кон новинарката Мери Јордановска.
Јакимовски беше уапсен на 17 јануари, по пријавите за навреди и закани кон новинарките Искра Коровешовска и Мери Јордановска.
Тој беше пријавуван дека се заканувал и на директорката на Централниот регистар Марија Бошковска Јанковски и на градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев.