На втори јули годинава ќе биде објавена пресудата за архиепископот охридски г.г. Јован, епископите брегалничкиот г. Марко и стобискиот г. Давид, против монаштвото и верниците од Православната Охридска Архиепископија, соопшти ПОА.
„Од судскиот процес, недвосмислено јасно се виде дека станува збор за државен прогон врз верска основа. Иако Јавното обвинителство нема никакви докази за казната што ја предлага, сосема е очигледна намерата на однапред донесената политичка одлука, неправедно обвинетите, само поради нивната верска припадност, да бидат казнети, со цел и имотот на Православната охридска архиепископија да биде конфискуван во корист на расколничката МПЦ, што, пак, од друга страна, дополнително би ја искомплицирало позицијата на непризнатата МПЦ при евентуални идни разговори за нивно враќање во соборноста на Црквата“, пишува во соопштението од ПОА.