Кривичниот суд во Скопје на 23 април ќе ја изрече пресудата за убиството на 20 годишниот Никола Саздовски. Денеска во судот беа изречени завршните зборови. Судењето почна лани во ноември. Во февруари годинава беше извршена реконструкција на убиството.
Според обвинителниот акт, Бесир Беља и Скендер Демири заедно со Ј. Љ. (19), кој е во бегство и за кого е распишана потерница, крвнички го претепале Саздовски на автобуската постојка пред фабриката „Алкалоид“ на булеварот „Александар Македонски“ во Автокоманда.
Од здобиените повреди, Саздовски на 9 јули 2018 година почина на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување – КАРИЛ во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.
Васко Маглешов