Престрелка во Тетово – четворица во болница

Од:

Четири лица се здобиле со повреди од кои две со посериозни откако вечерва околу 22 часот избила престрелка на улицата ЈНА пред угостителскиот објект Бар Код во Тетово, објави Сител.

Се уште непознато лице отворило оган од огнено оружје при што се повредени 4 лица од кои две со посериозни повреди итно се префрлени во Ургентниот центар во Скопје, а останатите две лица се згрижени во Медицинскиот центар во Тетово.

Од МВР и официјално ја потврдуваат оваа информација. Од таму велат дека нивните екипи веќе се на терен и дека по завршувањето на увидот ќе соопштат повеќе детали.

Би можело да ве интересира

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена