ВИДЕО: Преспанско Езеро – главен шверцерски канал

Од:

Најголемиот шверц во Македонија се случува на Преспанското езеро на тромеѓето помеѓу Грција, Албанија и Македонија тврдат за А1 жители на Преспа. Велат оти се пренесувало се и сешто од дрога па се до риби и земјоделски препарати. Ова се случува веќе неколку години, бидејќи речиси и да не пости водена граница во езерото отворено пред камера раскажа Ристе Стефановски

„Се прави шверц, најголемата трговија е овде. Се пренесува оружје, дрога. Незнам колку марихуана е запленета. За време на конфликтот наоѓавме чамци како нашите од Мала Преспа пренесуваа оружје во сандаци. Сметате дека најголемиот криминал се врши од овде? Да, преку Преспанското езеро. А надлежните го знаат тоа? Го знаат тоа, но врзани се и никој не презема ништо. Тие се околу езерото што жиеват и се поврзани со битолчани и прилепчани“, вели Ристе Стефановски жител на Претор.

Езерската полиција според кажувањата на мештаните не можела да одговори на потребите, бидејќи поседувала само еден глисер.

„Има еден глисер во Стење, ама им јавуваат на мобилни телефони, кога ќе влези, кога ќе се врати, дали има безнин, дали е расипан. Што се пренесува? Се пренесуваат препарати за прскање, марихуана, риби се пренесуваат. Од Грција ги купуваат ефтини и овде ги продаваат скапо, цигари и што ли уште не. Им треба глисер во Долно Дупени на граница, а има само во Стење“ додава Стефановски

Се кажува меѓу народот, кружат такви информации. Се слушаат такви работи, ова било она било. Дека има криумчарење вели друг жител.

Преспанчани бараат да се одбележи државната граница со Грција и Албанија по воден пат бидејќи на тромеѓето сега имало само една пловка, но и да се засили контролата врз езерото и капацитетот на езерската полиција.

Мики Трајковски

Би можело да ве интересира

Турчин со македонско возило шверцувал мигранти од Грција

Косовската полиција заплени шверцувана стока од Македонија вредна 120.000 евра

Трипуновски: Работиме преспанското јаболко да остане бренд и да имаме што повеќе задоволни земјоделци

Спречен шверц на копачки, парфеми и облека

Спречен шверц на нафта од македонска на албанска територија

Спречен шверц на брендирани производи, цигари и девизи