Преспанскиот договор и Закон за јазиците на седница на Уставен суд во септември, најдоцна октомври

Од:

Поважните предмети како Преспанскиот договор и Закон за јазиците ќе бидат ставени на седница во септември, најдоцна октомври, изјави претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска.

На денешниот брифинг со новинари, таа посочи дека одложувањето на решавањето по овие предмети е поради недоволниот број на судии во Уставниот суд.

– Пратениците и понатаму не избираат уставни судии. Од 2 јуни е веќе трета година како судот не е комплетиран, рече таа.

Како што дополни, има пет иницијативи за Преспански договор и 13 за Закон за јазици.
Кацарска информираше дека на есен ќе биде донесен Акт за Уставен суд во кој ќе има измени во поглед на постапка, начин на работа и финансиска самостојност на Судот.

Таа, исто така, рече дека во октомври ќе се формира Балкански форум на Уставни судови во кој досега учествуваат Грција, Романија, Албанија и Косово и, како што рече, има најава од Црна Гора

Би можело да ве интересира

Уставниот суд ќе одлучува за празниците во Кичево за 2025

Став од Уставниот суд во врска со најавениот протест на работниците од културата

Катерина Ѓуровски

Уставен суд поведе постапка за Колективниот договор за култура и за член од Законот за култура

Катерина Ѓуровски

Судскиот совет ја предлага Мери Дика Георгиевска за судија на Уставниот суд

ДУИ: Албанскиот јазик и правата на Албанците не се прашања што можат да се преговараат

ВРЕДИ: Овој состав на Уставен суд се однесува како југословенска политичка елита