Преспа под снежна покривка

Од:

Снежната покривка на одредени делови во Преспа достигнува до 10-тина сантиметри. Засега нема проблеми на магистралните, регионалните, локалните патишта во општина Ресен, со водоснабдување и електрична енергија.

Според раководителот на работната единица на „Македонија пат“ во Ресен Сашо Нечоски, на планинските превои Ѓавато и Буково е отежнато одвивањето на сообраќајот за тешките товарни возила, но иако снежните врнежи продолжуваат немало застој.

– Екипите на „Македонија пат“ на територијата на општина Ресен со четири возила редовно ги чистат магистралните и регионалните патишта кои минуваат низ општината. Целосно е вклучена и механизацијата на Општина Ресен во расчистување на градските улици и локални патишта со цел граѓаните да можат непречено да ги извршуваат своите секојдневни обврски и активности, изјави Нечоски.

Градоначалникот на Ресен Ѓоко Стрезовски информира дека општинската зимска служба неколку часови е на терен го отстранува снегот и врши посолување и попесучување  по приоритет на градските улици и на локални патишта.

– Засега не е евидентиран проблем со водоснабдувањето и со напојувањето со електрична енергија, но будно ќе ја следиме состојбата и по потреба ќе интервенираме се додека има снежни врнежи, кои може да претставуваат проблем за нормалното одвивање на секојдневниот живот, рече Стрезовски.

Фото: миа

Би можело да ве интересира

Најстудено на Попова Шапка, најмногу дожд во Крива Паланка

(ВИДЕО) Во Пакистан ненадејно падна снег, загинаа најмалку 35 лица

Снег на повеќе патни правци, укината забраната за камиони на Пресека

На Алјаска падна повеќе од 2,6 метри снег, се урнаа покриви на згради

Слаб снег на Попова Шапка, Маврово, Плетвар и Ѓавато

Студен бран во Македонија и дел од регионот

А1он