Препукувања Ковачевски-Ковачки: Не служев војска поради абдоменален проблем, а ти си кодош и дезертер

Од:

Премиерот Димитар Ковачевски тврди дека имал абдоменални проблеми и дека поради тоа не служел војска во 2000 година. Тој смета дека не е трајно неспособен, а од Собранието посочи: „тој здравствен проблем го имам и сега“. Ова објаснување доаѓа по прашање од пратеникот Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ кого го нарече кодош кој изнесувал документи од АРМ (каде што Ковачки беше полковник).

„Јас Димитар Ковачевски ветив дека ќе ја зборувам само вистината. Сосема накусо, во 2005 година, согласно сите законски процедури, согласно Законот за одбрана член 51 во рамки на повеќе степена процедура, врз основа на мислења од стручни лица, а поради здравствен абдоменален проблем кој се уште го имам, се регистрираше фактот дека не можам да служам воена обврска. И тоа во 2000 година, пред воениот конфлит. Ниту сум бил прв ниту последен таков случај, базиран на таква состојба“, кажа Ковачевски.

Според премиерот, дезертер е Ковачки кој од воена опрема облекол сако: „И го прави она што најдобро знае да го прави од Белата палата, да плука и по живо и по мртво. Тоа движечка мизерија“.

Ковачевски побара конзилијарна медицинска поддршка.

„Јасно и гласно ја соопштувам вистината, не за да се објаснувам. Вистината и фактите не се објаснуваат, туку за да ја говорам вистината. Јас во 2001 година бев во Скопје и Куманово, му помагав на татко ми, кој беше градоначалник, им помагав на кумановчани, не избегав од државата, останав тука. А екипата на ДПМНЕ фаќаше кривини по грешките плажи“, додаде Ковачевски.

Според него, ВМРО-ДПМНЕ правеле воен криминал во 2001 година, а тој се бори за граѓаните.

„Имаат проблем бидејќи се лопови, криминалци, насилници, неработници и кодоши. Бидејќи се растураат внатре помеѓу себе заради делење на пари и тендери како последниот од 136 милиони евра. Како што цело раководство им е осудено на десетици години затвор поради криминал. Ги прочита народот“, кажа Ковачевски.

Би можело да ве интересира

Ковачки: Пендаровски е се понервозен од малиот рејтинг и премалата посетеност на неговите митинзи, да се обединиме, силата е во народот а не во корумпираната елита на СДСМ и ДУИ

Ковачки: Со изборот на Силјановска Давкова и со заокружување на број 2 ќе се ја вратиме Македонија назад кон граѓаните и ќе работиме напорно и чесно

Ковачки: Граѓаните да не очекуваат извинување од Пендаровски за навредите кон Силјановска Давкова, бидејќи човекот свесно премолчи сексуално вознемирување во Армијата

Ковачки до Пендаровски: Не ја злоупотребувај Армијата во твоите скапо платени спотови

Ковачевски: Уставните измени може да ги гласаме денес, утре, задутре,…,како ќе кажат – така

Ковачки: Македонија заслужува да биде горда, три милијарди евра за капитални инвестиции