А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Препораки за превозници при патување во средно и високо ризични земји, како и при враќање дома

by А1он08/04/2020 - 14:38229
Share0

Владата на Република Северна Македонија денеска соопшти препораки и мерки за лична и колективна заштита за превозниците кои патуваат низ земјите со среден и висок ризик на КОВИД – 19, а кои управуваат тешки моторни возила за превоз на прехранбени артикли и друго, за време на нивниот транзит и престој во овие земји, како и при враќањето во нашата земја.

Следете a1on на Instagram Instagram

-Им се ограничуваат контактите и движењата на патните правци од точка А до точка Б, освен заради потреба од обезбедување на храна и тоалет. Се забранува контакт со други лица. Доколку излезат да купат храна или за тоалет, задолжително да користат лични заштитни средства и тоа ракавици за еднократна употреба, заштитни маски, а нема потреба од носење на заштитни мантили како и заштитни очила и каљачи.

Заради можноста од остварување на директен респираторен контакт со заболени лица на КОВИД– 19, во мотелите, хотелите и рестораните се препорачува превозниците да спијат во кабините на своите моторни возила.

За време на патувањето после секој контакт во маркет, продавница, тоалет задолжителна е
дезинфекција на рацете, максимално избегнување на контакт со други лица повеќе од 10-15 минути, особено со лица со симптоми, почесто проветрување на кабината за време на возењето, при престојот во кабината нема потреба од носење на лична заштитна опрема, забрането е примање на слепи патници, а
задолжително користење средства за дезинфекција на раце на база на алкохол за време на патувањето.

Следете a1on на Youtube YouTube

При нивното враќање во Република Северна Македонија задолжителна е комплетна дезинфекција на превозните средства од страна на овластена служба. При враќање во РСМ доколку пројават симптоматологија се јавуваат на својот матичен лекар. За возачите по враќање во Северна Македонија важат препораките како за останатите патници кои доаѓаат од овие земји за задолжителна самоизолација во домашни услови или во објект определен од фирмата превозник. Фирмата превозник е должна да го пријави во ДСЗИ и МВР местото каде ќе се спроведува самоизолацијата. Доколку фирмата превозник нема определено објект за самоизолација, возачот ќе се смести во еден од објектите определени од државата за карантин, а трошоците се на товар на фирмата превозник.

Се задолжуваат Здруженијата на лиценцирани авто превозници да изготват свој оперативен план за да се спроведе ротирање на возачите, односно нивна последователна промена при патувањата во средно и високо ризични земји.

Дозволата за движење на превозникот важи само со издаден патен налог кој е во прилог на дозволата, се потенцира во соопштението од Владата на Република Северна Македонија.

koronavirus mkdvlada

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски10/09/2026 - 09:1110/09/2026 - 09:45

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

Горан Наумовски09/09/2026 - 13:28

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски08/09/2026 - 14:1608/09/2026 - 15:12

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски06/09/2026 - 12:3006/09/2026 - 12:33

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

Горан Наумовски06/09/2026 - 12:12

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски06/09/2026 - 11:3906/09/2026 - 11:47
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео