Прентовиќ во Лозово: Слободни и демократски избори за спас на Македонија

Од:

Претседателката на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на СДСМ, Татјана Прентовиќ заедно со претседавачот на Централниот одбор на СДСМ, Диме Велковски денеска беа помеѓу жителите на Лозово и Дорфулија.
 
На средбите, жителите се пожалија на секојдневните проблеми со коишто се соочуваат. Земјоделците мака мачат со земјоделското земјиште коешто завршува кај луѓе блиски до власта а вистинските земјоделци немаат што да обработуваат.
 
-Оваа власт ја интересираат само тендери. За преку 6000 хектари некој зема пари а земјата не се обработува. Комбинатот го уништија, субвенции не добиваме, еве повеќе од 5 години не можеме да дојдеме до парче земја за обработување. Буквално сме оставени на милост и немилост!, велат земјоделците.
 
-Земјоделството е клекнато на колена. По промена на власта, лозарите ќе имаат сигурност на производството и пониски производни трошоци. Сивбенциите ќе ги зголемиме на 160 милиони евра. Земјоделците субвенциите ќе ги добиваат навремено и тогаш кога им се најпотребни, возврати Прентовиќ.
 
Прентовиќ ги образложи и мерките од Програмата на СДСМ, голем број решенија и проекти кои се од огромно значење како за лозарите така, и за сите граѓани на Република Македонија.
 
-Нашата програма е реална, издржана и осварлива. СДСМ нуди државна помош за отворање на нови погони во земјоделието, секоја година по 10 милиони евра инвестиции во системи за наводнување и микроакумулации. Ке воведеме бенифициран земјоделски стаж бидејки земјоделците тоа и го заслужуваат, рече Прентовиќ.
 
Во однос на актуелните политички случувања, Прентовиќ потенцираше дека на фер и демократски избори оваа власт ќе биде минато.
 
-Груевски нека не се крие зад своите медиумски курири кои испокрадоа милиони евра народни пари и нека престане со притисоците врз судството во Република Македонија,порача Прентовиќ.

Би можело да ве интересира

Филипче: Нема да бидеме параван на пропаднатите политики за ЕУ на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС им пречи што ЈПДП има зголемена наплата за 1,1 милион во јули оваа споредено со минатата година, затоа го напаѓаат Трајановски

Петрушевски: ДУИ додека беа дел од власта се согласија да се укине балансерот, сега само бараат причина за дестабилизација, прочитани се

Предраг Петровиќ

СДСМ: Шефот во ЈПДП поставен од Трајановски фатен во нови злоупотреби, не плаќа патарини

СДСМ: Секој ден се палат коли во Скопје, неспособноста на Тошковски е закана за безбедноста

Предраг Петровиќ

СДСМ: За шеф на патарините е назначен човек со бројни злоупотреби зад себе

A1on