Пренасочен сообраќајот на патот Прилеп-Градско поради сообраќајка

Од:

Поради сообраќајна незгода на регионалниот патен правец Прилеп-Градско, кај Камен Дол, сообраќајот се пренасочува по алтернативни патишта, информира Автомото сојузот.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини, како што се наведува, е зголемен и има зголемена фреквенција на возила на граничните премини Богородица и Табановце, каде времето на чекање за излез од државата е од 15 до 30 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Би можело да ве интересира

Почина 34-годишник во сообраќајка на патот Виница – Берово

А1он

Тешка сообраќајка кај Кучевиште: еден загинат, еден тешко повреден

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Детали за сообраќајката на влезот во Скопје, тешко повреден е 25-годишник

Катерина Ѓуровски

Изгореа камион и автомобил кај Хиподром, сообраќајот е пренасочен

Катерина Ѓуровски

Сообраќајка меѓу три возила на експресниот пат Кочани – Штип

А1он

Прегазен е малолетен пешак во скопско Визбегово

А1он