Преминот „Евзони“ – „Богородица“ е блокиран за влез и излез

Од:

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

Како што соопшти Автомотосојузот на Македонија во пладневниот извештај, од 11 часот сообраќајот на ГП Евзони (Богородица) е блокиран за влез и излез, на ГП Ники (Меџитлија) сообраќајот е блокиран само за товарни возила и автобуси, а на ГП Дојран сообраќајот се одвива непречено, но поради зголемен интензитет се очекуваат задржувања за влез во државата.

На ГП Дојран за излез од државата се чека 30 минути, а на граничниот премин Табановце времето на чекање за излез од државата е 40 минути. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите каде што има можност од појава на одрони.

 

Би можело да ве интересира

Од 15 до 30 минути се чека на „Богородица“ за излез од земјава

На граничниот премин „Богородица“ за излез од земјата се чека 45 минути

На „Богородица“ за излез се чека околу 45 минути

На „Табановце“ се чека до 40 минути, на „Богородица“ околу 30 минути

ВИДЕО: Продолжен викенд, крај на одморите, пред почеток на училишната година – гужви на границите

Зголемен интензитет на сообраќајот, се чека и до 40 минути на „Табановце“