Премиерот Зав упати честика за инаугурацијата на новиот српски претседател Вучиќ

Од:

Премиерот на Република Македонија, Зоран Заев, испрати честитка за инаугурацијата на новиот претседател на Република Србија, Александар Вучиќ.

– Во име на Владата на Република Македонија, во мое лично име и во име на граѓаните на Република Македонија, Ви го честитам изборот и инаугурацијата за претседател на Република Србија. Ви посакувам успешна работа на новата одговорна позиција и изразувам надеж за натамошно унапредување на соработката помеѓу двете држави. пишува Заев во честитката до Вучиќ.

Истакнува дека Македонија, отсекогаш во Република Србија имала традиционален пријател и сојузник во процесот на стабилизација и интеграција на Балканот, преку градење на добрососедски односи и взаемно почитување.

– Интересите за интензивна соработка, почитувањето на демократските вредности, добрососедските односи и интеграцијата на регионот во Европската Унија се врвни интереси на граѓаните на двете држави и очекувам дека во таа насока ќе продолжиме да ја развиваме нашата соработка на повисоко ниво, во сите области кои се од интерес на граѓаните на Република Србија и Република Македонија, се вели во честитката на премиерот Зоран Заев.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Детали за несреќата во Хрватска: покрај двете жртви има и шестмина тешко повредени

ВИДЕО: Се преврте српски автобус во Хрватска, двајца загинати

Катерина Ѓуровски

Го уби љубовникот на сопругата, го осудија на 20 години затвор – сега доби намалување на казната

А1он

Српски „ловци“ следеа авион на „Виз ер“ поради закана со бомба

А1он

Уапсен е Предраг Вулетиќ, соработник на Вулин: Осомничен е дека го оштетил буџетот за 131 милион динари

(ВИДЕО) Вучиќ: Инвеститорите ја напуштаат Србија