Премиерот Заев во официјална посета на Бугарија – ќе се бара поддршка за евроинтегративните процеси

Од:

Владина делегација предводена од премиерот Зоран Заев денеска со средба со бугарскиот премиер Бојко Борисов ја почнува дводневната официјална посета на Република Бугарија. На средбите во бугарската престолнина со премиерот Борисов и со претседателот Румен Радев ќе се побара од Бугарија како иден претседавач со ЕУ поддршка на патот за членство на Македонија во Унијата и во НАТО, како и унапредување на соработката меѓу двете земји.

Софија по Брисел е втората дестинација што ја посетува премиерот Заев по формирањето на новата македонска Влада.

Македонскиот премиер, најавувајќи ја посетата на Бугарија, деновиве во повеќе наврати истакна дека од Софија која од 1 јануари следната година го презема претседавањето со ЕУ, очекува добра соработка и поддршка за евроатлантските аспирации на Македонија. Посетите на Брисел и на соседните земји, вели Заев, значат засилена активност со помош на пријателите од ЕУ и од соседите да се придвижи Македонија кон полноправно членство во НАТО и ЕУ.

Целта на посетата на Бугарија, како што изјави вчера вицепремеирот Бујар Османи, кој е дел од владината делегација, е во насока на отстранување на пречките на патот на евроинтеграциите. – Патуваме во Бугарија, земјата која ќе претседава со ЕУ. За да бидеме високо на нивната агенда при претседавањето, но и да ги решиме билатералните отворени прашања со нив, изјави Османи.

И бугарскиот премиер Бојко Борисов, по изборот на новата македонска Влада, изрази уверување дека Софија и Скопје ќе работат за зацврстување на добрососедските односи и за приближување на Македонија кон ЕУ и НАТО.

Средбата на премиерите Заев и Борисов, како што јави известувачот на МИА, ќе се одржи во зградата на Министерскиот совет. Покрај тет-а-тет средбата на двајцата премиери, предвидени се и пленарни разговори на делегациите во чиј состав од македонска страна се и вицепремиерот Османи, министрите за надворешни работи Никола Димитров, за транспорт и врски Горан Сугарески и за култура Робeрт Алаѓозовски. Во бугарската делегација, пак, ќе бидат и вицепремиерот и министер за надворешни работи Екатерина Захариева, како и министрите за култура и за транспорт и информациски технологии и комуникации, Боил Банов и Иваило Московски.

За време на посетата, премиерот Зоран Заев ќе има средба и со претседателот на Собранието на Бугарија Димитар Главчев.

Покрај политичкиот дел, во рамки на официјалната посета, Заев утре во Софија ќе има и повеќе економски средби меѓу кои и со бугарската министерка за енергетика на Теменушка Петкова, на која ќе присуствува и министерот Сугарески.

Предвидени се и одделни средби меѓу министрите од Република Македонија и нивните колеги од Бугарија.

Би можело да ве интересира

Дрски и безобразни лаги, Владата ги демантира обвинувањата од СДСМ за набавка на водата за Гостивар

СДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар – бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО со вода

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

Пратениците не изгласаа недоверба на српската Влада

Горан Наумовски

Левица: Ако економијата расте, зошто Владата постојано зема нови кредити?

ДУИ: Три странски инвеститори си заминаа за две години, Владата да каже колку работници останаа без работа