Премиерот Заев се сртена со претставници на здружението „Бранител 2001“

Од:

Премиерот Зоран Заев, придружуван од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска со сретна со претседателот на Здружението на воени инвалиди „Бранител 2001“ Костадин Стојановски кој беше придружуван од потпретседателите на здружението.

На средбата, како што соопшти владината служба за информирање, се разговарало за досегашната државна помош за семејствата на воените инвалиди и за можностите за продолжување на оваа поддршка.

– Претставниците на Здружението на воени инвалиди ги презентираа своите барања и препораки и посочија на долгогодишни проблеми со кои се соочуваат, а се поврзани со притисоци, неажурност на институциите во извршувањето на законските обврски и за долгогодишните нерешени станбени прашања за воените инвалиди припадници на МВР, се вели во соопштението.

Во исто време, од „Бранител 2001“ пренеле и позитивни искуства во последните неколку месеци за отворањето на институтициите како сервис за решавање на нивните проблеми и во таа насока особено ја поздравиле работата на Министерството за труд и социјална политика.

Премиерот Заев и министерот Спасовски изразиле силна поддршка за воените инвалиди и нивните семејства, и во таа насока, посочиле дека нивните барања и предлози ќе бидат сериозно разгледани и ќе бидат изнајдени решенија согласно законските прописи.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Владата ќе продолжи со поддршка на домашната економија

(ВИДЕО) До 1 јули новиот владин состав пред пратениците, најави Мицкоски

Левица: Владиниот Закон за судска служба е враќање на судството 20 години наназад

ВМРО-ДПМНЕ: Политиките на Владата даваат резултати

Горан Наумовски

Владата најостро го осудува вандалскиот чин на опожарување на возила со дипломатски статус во близина на Амбасадата на Бугарија

Горан Наумовски

Левица: Хронична некадарност на Владата – уште еден ценовен шок за граѓаните