Премиерот Заев се сретна со финскиот амбасадор Иконен

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев денеска се сретна со амбасадор на Финска, Перти Иконен.

Како што соопшти владината прес-служба, финскиот амбасадор Иконен му честитал на премиерот Заев за стапувањето на должноста претседател на Владата на Република Македонија, како и за неговиот голем придонес во мирната разврска на политичката криза во Македонија и демократските промени што се во тек.

На средбата била изразена поддршка на Планот 3-6-9 со којшто Владата се обврза на итните реформски приоритети, што ги отвораат евро-атлантските перспективи на земјава.

– Владата е определена кон реформски политики што треба да го интензивираат процесот на евро-атлантски интеграции и да го подобрат квалитетот на живот на граѓаните преку раст на економијата. Водиме инклузивни политики во реализацијата на овој процес. Ги вклучивме граѓанскиот сектор, експертската јавност, отворени сме и за мислењата од опозицијата. Исто така исчекоривме напред кон поголема соработка со соседите, затоа што сметаме дека добрососедската соработка може да му помогне на целиот регион да се придивижи напред, истакнал премиерот Заев.

На средбата е констатирано дека интеграциите на Македонија во НАТО и во ЕУ ќе значат и поголема стабилност и сигурност и за нашата држава, но и за целиот Балкан.

Премиерот Заев и амбасадорот Иконен разговарале и за можноста Македонија да примени фински образовни искуства, како едни од најквалитетните во Европа и светот. Исто така договорено е зголемување на соработката во областа на економијата.

Амбасадорот Иконен соопштил дека Финска го поддржува демократскиот развој на Македонија и интеграциите на државава во меѓународните организации.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

За две години вработените во државните институции ќе имаат за 40 отсто повисока плата, колективниот договор помина на владина седница

Мицкоски најави реконструкција на Владата во мај или јуни

Горан Наумовски

Сиљановска-Давкова: Надворешното претставување да биде во рацете на професионални дипломати

Владината прес-служба тврди: Лажна вест е тврдењето на СДСМ дека семејството на премиерот Мицкоски патувало до Хрватска со владиниот авион

Горан Наумовски

Владата ги утврди новите амбасадори – Муртезани заминува во НАТО, Ефремов во Софија