Премиерот Заев со повеќе активности ја завршува референдумската кампања

Од:

Премиерот Зоран Заев кампањата за референдумот, што ќе се одржи на 30 септември, ја завршува со неколку активности.

Тој денеска ќе ја посети локацијата каде што се одвиваат градежните активности на инвестицијата Лимак – Дајмонд, а ќе се обрати во просториите на „Лимак“.

Заев ќе има негово обраќање и по повод отпочнување на проектот на компанијата од фармацевската индустрија „САГЕН“, во Технолошко-индустриската развојна зона Скопје 1 ( Бунарџик).

Покрај премиерот, по повод отворањето на фармацевската компанија ќе имаат и заменик претседателот на Владата Кочо Анѓушев, министерот за економија Крешник Бектеши и директорот на ТИРЗ Александар Младеновски.

Претседателот на Владата, денеска заедно со директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски, во свечена сала во Владата, ќе го промовираат новиот систем на финансирање во спортот.

Би можело да ве интересира

Швајцарците го отфрлија предлогот за ограничување на бројот на жители на 10 милиони

A1on

СДСМ: Престанете да бегате од граѓаните, распишете референдум, граѓаните нека одлучат

Горан Наумовски

СДСМ: Нема пари за референдум, но има за тендери и луксуз

ВИДЕО: Филипче бара референдум за ЕУ: Граѓаните да одлучат дали сакаат да ја платат цената заради Мицкоски

Референдум во Република Српска на 25 октомври

Словенија одлучува: Или остануваме и ја плаќаме членарината или го напуштаме НАТО