Премиерот Заев на средба со кинескиот премиер Кечијанг: Постои интерес за унапредување на економската и трговска соработка помеѓу Република Северна Македонија и НР Кина

Од:

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев со владината делегација што ја предводеше, оствари средба со Претседателот на Владата на Народна Република Кина, Ли Кечијанг и кинеската владина делегација на маргините на Осмиот Самит на шефови на влади од процесот за соработка на Народна Република Кина со земјите од Централна и Источна Европа (16+1).
 
Премиерот Заев на средбата ја потенцираше важноста на поддршката којашто во континуитет Народна Република Кина и ја пружа на Република Северна Македонија од независноста до денес и нагласи дека Република Северна Македонија продолжува да ја поддржува политиката на една Кина.

Премиерот на НР Кина, Ли Кечијанг го поздрави решавањето на билатералниот спор со Грција и рече дека тоа е резултат на лидерството на двете земји и мудроста на граѓаните да бидат насочени кон иднината. Во таа насока кинескиот премиер Кечијанг порача дека НР Кина ги поддржува напорите на нашата земја за интеграција во Европската Унија.

Двајцата премиери изразија интерес за унапредување на трговската и економската соработка помеѓу НР Кина и Северна Македонија во областа на инфраструктура, земјоделството, енергетика, образование, култура и туризам.

Заев нагласи дека Договорот помеѓу двете влади за заедничко признавање на академски дипломи и други образовни сертификати е во финална фаза и беше нагласена заложбата дека продолжува соработката помеѓу двете земји.

На крајот од средбата со кинескиот премиер премиерот Заев изрази задоволство што Скопје е назначен за седиште на Координативниот центар за културна соработка од процесот на соработка 16+1 и го информираше кинескиот премиер Кечијанг дека Скопје ќе биде домаќин на „Форумот за култура“ во рамки на процесот 16+1 од 19-ти до 21-ви ноември оваа година.

Би можело да ве интересира

Државен службеник во Кина осуден на смрт – оддавал државни тајни на странска земја

А1он

Герапетритис: Македонија веќе постигна значителен напредок во повеќе области

Горан Наумовски

Приведено 87-годишно лице кое возеше во спротивна насока на булеварот Партизански одреди

Ристовски: Понудивме конкретен план и решение за проблемот со добитокот во Крива Паланка, градоначалникот Митовски го одби

Клековски: Ако сѐ биде во ред, есента 2027 ќе продолжиме со изградбата на клиничката болница – Штип

Протест во  Крива Паланка, Митовски порача: Одиме до крај — додека не се спроведе законот и последното грло добиток не биде изнесено од градот