Премиерот Заев на конференција за договорот со Грција во МАНУ: Имаме достоинствен договор што го потврдува идентитетот и ја гарантира нашата иднина

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев денеска, на покана на Македонската академија на науките и уметностите, учествуваше со свое обраќање на конференцијата „Спогодбата од Преспа: Меѓународно значење и импликации врз евро-атлантските интеграции на Република Македонија“, во организација на академијата и на Центарот за стратегиски истражувања кој работи во составот на МАНУ.

На оваа конференција, со која претседаваше академик Владо Камбовски, свои обраќања во нејзиниот воведен настапија претседателот на МАНУ, академик Таки Фити, заменик претседателот во Владата задолжен за европски прашања д-р Бујар Османи, министерот за надворешни работи Никола Димитров, првиот претседател на Собранието на Република Македонија Стојан Андов, амбасадорот на САД во Република Македонија Џес Бејли, амбасадорот на Република Франција Кристијан Тимоние и амбасадорот на Сојузна Република Германија Томас Норберт Герберих.

Претседателот на Владата на Република Зоран Заев, во своето обраќање истакна дека договорот од Преспа е добар, достоинствен договор што го потврдува идентитетот и ја гарантира нашата иднина.

„Нашите аргументи се кристална и недвосмислена потврда за македонскиот јазик и за македонскиот идентитет. Грција го признава нашиот идентитет. Јазикот ќе се користи слободно секаде, во ОН, НАТО, ЕУ, во сите официјални институции, активности и настани. Македонскиот јазик и кирилското писмо ќе бидат официјални во заедница од околу 500 милиони луѓе. Подобра заштита на македонскиот јазик и кирилското писмо не може да се замисли од оваа меѓународна верификација. Еднаш засекогаш!“ порача премиерот Заев пред аудиториумот во МАНУ.

Премиерот Заев потенцираше дека договорот со Грција и позитивните ефекти од него, како поканата од НАТО и датумот за преговори со ЕУ ни даваат шанса да бидеме свои на своето, и рамноправна членка во најмоќната економска Унија во светот и најмоќниот безбедносен сојуз.

„Нашиот аргумент е дека со договорот од Преспа, со внатрешните реформи и со перспективата што ни се отвора со вистинскиот и единствен одговор на референдумот, добиваме јасни и дополнителни можности за развој. Тоа е од суштинска важност за нашата економија. Ја носиме Европа тука и создаваме можности. Избравме да чекориме храбро и одлучно кон иднината. Знаеме кои сме и што сакаме“, рече премиерот Заев во своето обраќање на конференцијата „Спогодбата од Преспа: Меѓународно значење и импликации врз евро-атлантските интеграции на Република Македонија“, во организација на академијата и на Центарот за стратегиски истражувања кој работи во составот на МАНУ.

Заменик Претседателот во Владата НА РМ, задолжен за европски прашања д-р Бујар Османи, во својот говор во МАНУ се задржа на континуитетот на евро-атлантските процеси со посебна нагласка на активностите што ги презеде актуелниот владин состав.

„За да ја извлечеме земјата од закана на изолација, Владата на РМ направи мастер план кој вклучуваше ги вклучуваше договорот за пријателство и добрососедство со Република Бугарија, договор за надминување на спорот за името со Република Грција, завршница на Охридскиот рамковен договор со донесување на Закон за употреба на јазиците, и итните реформски мерки содржани во Планот 3-6-9. Реализацијата на овие точки од мастер планот ни ги донесоа датумот за преговори со ЕУ и поканата за НАТО како придонес во реализацијата на стратешките интереси, но и како гаранција и придонес за кохезивноста на нашето општество, како модел кој го препозна меѓународна заедница кој треба да се поддржи и да се одржи“, нагласи Заменик Претседателот во Владата НА РМ, задолжен за европски прашања д-р Бујар Османи.

Министерот за надворешни работи Никола Димитров потенцираше дека акронимот ФИРОМ беше сигнал за незавршена државност, и дека договорот со прифаќање на договорот од Преспа, граѓаните на Република Македонија ќе го исполнат заветот од исходот на референдумот од 1991 и да ја заокружат државноста со референдумот на 30 септември.

„Кога судиме за овој договор мора да го имаме предвид контекстот. Додека седевме во чекалната ги испуштавме возовите кога постоеше силен ентузијазам за ЕУ проширување. После долго време ЕУ погледна кон Балканот. И тоа внимание мора да се зграпчи и еднаш засекогаш Македонија да се извлече од процепите на несигурност кои сè уште виреат во нашиот Регион….По една генерација чекање, од исклучителна важност е да препознаеме дека вратата е отворена. Исто е важно гордо и со исправена глава да поминеме низ неа. И наместо да наоѓаме замерки за тоа дали кваката е доволно блескава, верувам дека ќе надвладее традиционалната мудрост на нашите граѓани“, истакна министерот за надворешни работи Никола Димитров на конференцијата „Спогодбата од Преспа: Меѓународно значење и импликации врз евро-атлантските интеграции на Република Македонија“, во организација на академијата и на Центарот за стратегиски истражувања кој работи во составот на МАНУ.

Би можело да ве интересира

МАНУ: Во Македонија постои само една национална академија

ВРЕДИ почна да го реализира планот за албанска Академија, ќе ја финансираат општините со нивни градоначалници

Катерина Ѓуровски

Штрајкуваат вработените во МАНУ, бараат повисоки плати

Горан Наумовски

Влен: Академијата за науки и уметности на Албанците не треба да се гледа како контраст или паралелизам на МАНУ

Муртезани: Не можам да тврдам, но има перцепција дека во МАНУ нема пристат за други етнички заедници

Претседателство на МАНУ: Академијата е отворена за сите што ги исполнуваат критериумите, да не се вовлекува во дневнополитички расправи