А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Премиерот Заев ќе учествува на „Самит 100 – Бизнис лидерите на ЈИЕ“

by А1он13/10/2017 - 10:1792
Share0

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, ќе учествува на регионалниот настан „Самит 100 – Бизнис лидерите на Југоисточна Европа“, што од 16 до 17 октомври, ќе се одржи во Скопје.

Добивај вести на вибер

Како што соопшти владината прес-служба, Заев е поканет да учествува со свое излагање на премиерската пленарна панел дебата под наслов „Нов договор за новото време, или, дали регионот е подготвен за натпревар на глобалната сцена“, на која ќе се дебатираат и темите за енергијата, за економиите засновани на знаење, за брендирањето, за дигиталната економија и за стратегиите за поврзување на регионот и за заеднички иницијативи во областа на туризмот.

Учество на оваа пленарна дебата, која ќе се одржи на 17 октомври, потврдија и премиерите на Албанија, Еди Рама, на Црна Гора, Душко Марковиќ и претседавачот со Советот на министри на Босна и Херцеговина, Денис Звиздиќ.

Посебно обраќање на овој значаен регионален настан ќе има и еврокомесарката за транспорт, Виолета Булц.

Свое учество на овогодишниот „Самит 100 на бизнис лидерите на Југоисточна Европа“, ќе има и заменик-претседателот на Владата на Република Македонија, Кочо Анѓушев, кој ќе се обрати на панелот „Е-Концепт за забрзување на порастот на растот со поврзување“.

На отворањето на Самитот 100 во Скопје, на гостите од регионот и од Европа, ќе им се обрати Живко Мукаетов, директор на „Алкалоид“, и претседател на Бордот на Самит 100 – Бизнис лидерите на Југоисточна Европа, заедно со претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, како специјален гостин на настанот.

„Самит 100 – Бизнис лидерите на Југоисточна Европа“ се одржува по шести пат, и е единствен настан од ваков формат во регионот. Низ годините овој настан стана познат бренд и собир за регионална бизнис соработка, како и исклучително продуктивна платформа за идеи и проекти што доаѓаат од земјите во регионот и што ги прават Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Црна Гора, Хрватска, Словенија и Србија, чекор поблиску до регион со конкурентски капацитети, со забрзан економски развој и со подобар животен стандард за сите народи во регионот.

Централната тема оваа година е „Поврзаност“ која ќе се разгледува низ настапи, презентации, работилници и панел дебати во сферите како што се транспортот и слободната трговија, зелен Балкан, инфраструктура, брендирање и промоција на регионот, мобилноста на луѓе и идеи, енергија и дигитализација.

vladaZaev

Би можело да ве интересира

Владата го усвои предлог Законот за јавно обвинителство

Горан Наумовски30/12/2025 - 15:13

Како што потврди дека Заев гради 42-катница, сега Филипче да одговори како ја стекнал златната виза и на кое име му е станот во Дубаи?

Предраг Петровиќ27/12/2025 - 09:1027/12/2025 - 12:10

Влада: Донесена е одлуката за прогласување на кризна состојба во траење од 7 дена поради неможноста за набавка на мазут

Горан Наумовски23/12/2025 - 16:27

СДСМ: Владата нема пари за бесплатен јавен превоз, филтри, еколошко греење, еколошки проекти и за итни интервенции

Горан Наумовски22/12/2025 - 09:0722/12/2025 - 11:44

Наводите на СДСМ се целосно неосновани, неточни и претставуваат груба клевета, реакција од Владата

Катерина Ѓуровски17/12/2025 - 14:45

Бугарската влада предводена од премиерот Росен Железков поднесе оставка

Горан Наумовски11/12/2025 - 13:39
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен