Премиерот Заев испрати писмо со сочувство до семејството Зулбеари во Тетово

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев денеска испрати писмо со сочувство со семејството Зулбеари во Тетово, кое во трагичен настан во пожар загуби 5 члена од своето семејство.

Во писмото на премиерот Заев се вели:

„Силно потресени од трагедијата што му се случи на Вашето семејство, не можат да се најдат вистинските зборови на утеха за оваа длабока траума.

Дозволете ми во мое лично име, во име на Владата на Република Македонија, како и во име на сите граѓани на нашата земја да го изразиме нашето длабоко сочувство во овие тешки моменти за вас.

Трагичната загуба не може да се надомести, но во вакви моменти во заедницата во која живеете, и во целото општество во Република Македонија, ќе дојде до израз солидарноста и поддршката што можат да бидат од помош за Вашето семејство“, пишува во писмото со сочувство до семејството Зулебари Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев.

Би можело да ве интересира

Во Тетово е уапсен маж кој живее со малолетничка, МВР најави кривична за тетовецот

Несреќа во Тетово: 10-годишно дете падна од тераса, телото на момчето е однесено на обдукција

Горан Наумовски

Земјотрес почувствуван во Тетово и Гостивар

32-годишна жена од Тетово плати 3.000 евра за измислена работна виза

Горан Наумовски

ВИДЕО: Дојава за бомба во тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“

Свлечишта на Шапка и во тетовско, потпорен ѕид падна врз куќа – 200 поплавени куќи во Форино

Горан Наумовски