Премиерот Заев до граѓаните за Рамазан Бајрам: Обезбедуваме иднина за сите, градиме општество на среќни луѓе, да продолжиме заедно!

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, за големиот празник Рамазан Бајрам упати Честитка до поглаварот на Исламската верска заедница, Реис ул улема Хаџи Сулејман ефенди Реџепи и до граѓаните кои го чествуваат празникот.

„Го честитам големиот празник Рамазан Бајрам на Вас, на членовите на Исламската верска заедница и на ситеграѓани што го чествуваат празникот, во име на Владата на Република Македонија и во мое име.

Светите празници, како што е Рамазан Бајрам носат голема духовната сила којашто ја зајакнува вербата на луѓето во доброто, вистината, правдата и поттикнува желба за меѓусебна почит, разбирање, солидарност.

Ова се вредностите што водат кон спокоен и среќен живот. А човекот може да биде вистински спокоен и среќен, ако живее во општество на спокојни и среќни луѓе.

Затоа почитувани сограѓани, да продолжиме заедно по патот што го избравме, здружено и единствени. Почнавме даградиме едно заеднично општество за сите граѓани, со еднакви шанси за секој и знам дека заедно ќе успееме да обезбедиме квалитетен живот за сите нас.

Бидете чесни и одговорни граѓани кон себе, кон своето семејство и кон државата. Нашата заедничка иднина е во економски напредна и просперитетна Македонија, во неа заедно вложуваме и заедно ќе успееме.

Честит Рамазан Бајрам почитувани сограѓани!“, напиша премиерот Заев во Четитиката за празникот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните