Премиерот Ковачевски и лидерите од Западен Балкан во Берлин потпишаа три договори за мобилност за забрзан регионален економски раст и развој

Од:

Во рамки на Самитот за Берлински процес што се одржува денеска во Берлин, Сојузна Република Германија од страна премиерот и лидерите од земјите од Западен Балкан беа потпишани три регионални договори за мобилност. Договорите се однесуваат на однесуваат на взаемно признавање на високообразовните квалификации во земјите од Западен Балкан, меѓусебно признавање на високообразовните квалификациите за докторите на медицина, денталната медицина и архитектите, како и за слобода на движење со лични карти во Западен Балкан.

Потпишувањето на овие меѓународни договори треба да ја зајакне соработката помеѓу Северна Македонија, Албанија, Србија, БиХ, Црна Гора и Косово во делот на реформските процеси, заедничките пазари, меѓусебно признавање на професионалните квалификации, слободно движење на луѓе и стоки и истата треба да придонесе за забрзан регионален економски раст и развој.

Токму ова се и основните цели и фокусот на Берлинскиот процес, кој се реализира со поддршка на Европската комисија, а се во насока на унапредување на соработката помеѓу земјите од Западен Балкан.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ковачевски: Гледаме политички пазар, без јавна дебата, за зголемување на државната управа

Горан Наумовски

Ковачевски официјално се повлекува од функцијата претседател на СДСМ

Горан Наумовски

Ковачевски го призна поразот: Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Анита Петровска Рајковиќ

(ВИДЕО) Ковачевски: Oва е последниот повик за Европа, ние не се откажуваме!

Горан Наумовски

Ковачевски за Ден на македонскиот јазик: Македонскиот јазик денес е на исто рамниште со официјалните јазици во ЕУ, тој е темел на нашиот идентитет

(ВИДЕО) Ковачевски: СДСМ мора да биде силна во Собранието, преголема моќ кај ДПМНЕ ќе значи и крај на нашите ЕУ перспективи

А1он