Премиерот Груевски им го честиташе националниот ден на Власите

Од:

Претседателот на Владата Никола Груевски им го честиташе на припадниците на влашката заедница националниот ден 23 мај, посакувајќи им напредок и благосостојба.

– Власите се конститутивен дел од македонското мултинационално општество, а влашката заедница во Република Македонија како дел од влашкиот народ кој е распространет низ повеќе земји, дала значаен историски, општествен и културен придонес во современата македонска држава. Влашките идентитетски белези се едни од најкарактеристичните симболи во македонската култура и се значаен дел од фолклорот и традицијата на нашата земја.

– Токму затоа, Република Македонија со гордост го прославува Националниот ден на Власите кој уште од далечната 1905 година е симбол на самоидентификација и себеспознавање на влашката заедница, пишува во честитката на премиерот.

– Дозволете ми да го изразам своето уверување дека и во идниот период ќе продолжиме заеднички да чекориме по патот на реформите и модернизацијата на нашата земја, со заложби за постигнување на економски развој и подобрување на стандардот на граѓаните, во реализацијата на севкупен прогрес на државата, и реализација на нашите европски и евроатлантски интеграции со цел изградба на напредна Република Македонија, стои во честитката по повод националниот ден на Власите.

Би можело да ве интересира

Лекорни ја избра својата нова „екипа“

Францускиот премиер поднесе оставка

Макрон одлучи: Себастијан Лекорну е нов премиер на Франција

Горан Наумовски

Собранието на Република Српска гласа за новата влада, премиер e Саво Миниќ

Горан Наумовски

Јужна Кореја: Поранешниот премиер обвинет за поттикнување воена состојба

Премиерот на Романија поднесе оставка

А1он