Премиерот Груевски и градоначалникот Трајановски засадија дрвца во паркот „Македонија“

Од:

Премиерот Никола Груевски и градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски денеска во рамките на акцијата „Ден на дрвото“ засадија дрвца во новиот парк „Македонија“ лоциран во непосредна близина на штотуку проширениот дел на булеварот „Теодосиј Гологанов“ во Скопје.

– Во новиот парк „Македонија“ засадуваме 300 високи дрвја од вкупно 1.535-те дрва и околу осум илјади цвеќиња што се засадени на оваа локација. Постојано не обвинуваат дека го уништуваме зеленилото во Градот, дека уништуваме зелени површини и оти сечиме дрвја и слично. Со овој проект сакаме да ги демантираме таквите тврдења, изјави градоначалникот Трајановски по засадувањето садници во паркот „Македонија“ заедно со премиерот Груевски.

Денеска, нагласи, и официјално на граѓаните им го предаваме во употреба паркот „Македонија“ со површина од 30.000 метри квадратни. Во паркот, додаде, има две патеки, првата е трим патека со должина од 700 метри и  широчина од 3,4 метри, а втората асфалтна патека долга 300, а широка два метра.

– Паркот има и дел за домашните миленичиња со површина од 1.000 метри квадратни со сите неопходни содржини за таа намена, како и дел со површина  од 300 метри квадратни наменет за вежбање и рекреација на луѓето, рече Трајановски.

Градот Скопје, потенцира, гледа сите булевари кои ги гради да не се состојат само од асфалт и тротоари, туку и да се уреди околното зеленило и особено да се посадат нови дрвја.

– И понатаму ќе останеме доследни на нашата намера да обновуваме зелени површини и да садиме што повеќе дрвја во Градот Скопје, рече Трајановски, нагласувајќи дека во изминативе 3,5 години во Скопје се засадени околу 45.000 нови дрвца.

Во паркот „Македонија“ има две чешми со вода за пиење за граѓаните и чешма за вода за домашни миленичиња, пет справи за нивно вежбање и три соодветни канти за собирање на изметот, како и клупи за одморање на сопствениците на миленичињата.

Веќе се поставени 27 од вкупно планираните 40 клупи за седење и 15 корпи за отпадоци. Воедно се обновени и поплочени со бекатон трите попречни патеки што минуваат низ паркот и е поставена хидратантска мрежа во должина од 1.485 метри и 220 прскалки.

Би можело да ве интересира

АУЕ-ФОН со еко-акција „МЛАДИТЕ ЗА ПРИРОДАТА“, за подигнување на свеста за заштита на животната средина

А1он

САД продолжуваат со работата за еколошки и дипломатски решенија за поздрава планета

А1он

Бугарија и Албанија почнаа примена на договорот за еколошка соработка

А1он

Еколошки активисти блокираа четири моста во Лондон

А1он

Анализа на Грин тенк: На Западен Балкан му е потребен Фонд за фер транзиција кон зелена енергија

А1он

Худолин: Зелениот договор треба да биде вклучен во секоја сфера

А1он