Премиерот ги посети децата кои се на бесплатен одмор во Струга

Од:

Премиерот Никола Груевски и министерот за труд и социјална политика Диме Спасов денеска во Детското одморалиште „Мајски цвет“ ги посетија децата што користат бесплатен летен одмор од социјално ранливи семејства, приматели на социјална парична помош, деца без родители или самохрани родители и приматели на посебен податок.

Во рамки на владиниот проект ова лето од јуни до крајот на август бесплатно ќе летуваат околу две илјади дечиња од кои 1.200 во Струга и 800 на Пелистер.

Целта, според министерот Спасов, е да бидат опфатени дечиња чии семејства немаат средства да ги пратат на одмор и, како што рече, да им подариме седум дена исполнети со среќа и радост во некои од македонските одморалишта.

– Со овој проект им овозможуваме на дечињата да поминат денови со исполнета програма, со спортско-рекретаривен, културно-забавен и воспитно-едукативен карактер. Има и родители кои се со социјален ризик и не можат да им овозможат на дечињата да одат на одмор, а ние им помагаме во тоа, рече Спасов.

Проектот, најави Спасов, ќе продолжи и за зимскиот распуст кога уште 1.000 дечиња ќе заминат на зимување, но проектот ќе продолжи и во наредните години.

Во струшкото одморалиште „Мајски цвет“ моментно престојуваат 200 деца од петто до осмо одделение кои, како што истакна воспитувачката Невенка Тренчевска, денот го поминуваат на плажа, а во вечерните часови организираат маскенбали, танцувања…

Ученичката Бети Шоповска, која досега никогаш не отишла на одмор, посочи дека прекрасно се забавува со другарчињата.

– Одиме на плажа, учиме како да пливаме, играме разни игри, рече Шоповска.

Би можело да ве интересира

Џафери за новите автомобили: Лизингот е поевтино решение, ако останат во Владата одржувањето ќе биде скапо

Орце Костов

Ковачевски му ја предаде функцијата на Џафери: Повика сите министри да работат во интерес на граѓаните

Орце Костов

Ирскиот премиер Варадкар во посета на Македонија

А1он

Трудова ќе ги проверува синдикатите во М-НАВ: „Таа фирма е семејна, брат му на Тасевски работи таму, татко му работел таму“

Орце Костов

Ковачевски со новогодишна честитка: Среќна Нова 2024, можеме, знаеме и умееме да обезбедиме подобар живот за сите

А1он

Ковачевски: После една две пијачки со другарите, одам дома да ја дочекам Новата година

Орце Костов