Премиерката на Србија ја прими македонскатата амбасадорка Вера Јовановска Типко

Од:

Српската премиерка Ана Брнабиќ денеска оствари средба со македонската амбасадорка во Белград Вера Јовановска – Типко, на која е разговарано за натамошното јакнење на добрососедските односи и на регионалната соработка.

Во соопштението од кабинетот на премиерката по средбата се наведува дека таа му пратила покана за посета на Белград на премиерот Зоран Заев, оценувајќи притоа дека средбата ќе биде позитивен исчекор во односите меѓу двете земји.

На средбата Брнабиќ нагласила дека двете држави имаат многу простор за развој на меѓусебните односи, особено во економијата и туризмот, нагласувајќи дека имплементацијата на Акциониот план за регионален економски простор на Западен Балкан е значајно прашање кое ќе ја олесни и подобри соработката.

На средбата српската премиерка и македонската амбасадорка се согласиле дека без политичка стабилност нема ни економски просперитет и дека искрениот и отворен дијалог е единствениот начин за надминување на сите отворени прашање, стои во соопштението од српската влада.

Во петок навечер во Белград македонската амбасада ќе организира свечен прием по повод Денот на независта 8-Септември, на кој се очекуваат највисоките преставници на српскиот државен врв.

Би можело да ве интересира

РИК обработи 8.077 избирачки места: „Студентска листа“ освојува 52,54 отсто, а „Обединета Србија“ 39,29 отсто

Фон дер Лајен и Коста ѝ честитаат на Студентската листа за изборната победа

Горан Наумовски

Странските медиуми за пoразот на Вучиќ: „Сеизмички потрес на Балканот“

Горан Наумовски

Нови апсења во Србија поради планирање хаос за изборите: Приведен маж, пронајдени опасни предмети

Им приоѓа на жртвите од зад грб, па ги кине ланчињата од врат – уапсен е крадец кој направи штета од 10.000 евра

А1он

Пензионери се мета на лажни лекари – во Пирот е уапсен бугарски државјанин кој измами старица

А1он