Прелиминарна распределба на 53 социјални станови во Кочани и Македонска Каменица

Од:

Комисијата за распределба на станови за социјално ранливи категории на граѓани составена од вработени во Министерството за транспорт и врски и од Министерството за труд и социјална политка, изврши прелиминарна распределба на вкупно 53 станови.

Како што информираат од Министерството за транспорт и врски, распределени се 43 станови во општина Кочани во станбена зграда на улица Ѓорче Петров“ број на зграда 2 и 10 станови во општина Македонски брод, во станбена зграда на улица Партизанска, број на зграда 1, изградени по програмата за изградба и одржување на станови во сопственост на Република Македонија.

Од Министерството за транспорт и врски информираат дека распределбата е прелиминарна и не е конечна. Комисијата веќе започна со увид кај лицата кои се наоѓаат на прелиминарната листа. По извршениот увид, ќе се утврди конечната листа со добитници на овие станови.

Според огласот што Министерството за транспорт и врски го објави во јули годинава, право на учество имаа седум категории на граѓани и тоа деца без родители или родителска грижа –лица над 18 години кои до својата осумнаесетта година биле згрижени во институции и други облици за згрижување за деца без родители, корисници на социјална или постојана парична помош, лица погодени од елементарни-природни непогоди без разлика на правниот статус на нивните постојни (примарни) живеалишта, инвалидни лица и лица на кои им е потребна помош и грижа од друго лице и семејства со инвалидизирани лица, лица припадници на Ромската заедница социјално загрозени (согласно “Стратегијата за ромите на Република Македонија“), како и самохрани родители со малолетни деца и слепи лица корисници на социјална или постојана парична помош.

До крајниот рок за поднесување на потребната документација, како што стои во соопштението, во Центарот за социјални работи во Кочани аплицирале вкупно 76 граѓани, од кои валидна документација имале 60 граѓани. До Центарот за социјални работи во Македонски Брод аплицирале вкупно 42-ца граѓани, од кои валидна документација имале 25.

Би можело да ве интересира

Жителите на Кочани ја добија битката: Советот донесе одлука да не се депонира отпад од други општини на градската депонија

Катерина Ѓуровски

Комунални возила од други општини не ја поминаа блокадата кон депонијата кај Кочани

Левица: Крмов бара проблемот со загадувањето во Кочани да се најде пред пратениците

Мртва жена со повреди била донесена во болница

Маж од Кочани истепал дете, а нападнал и полицаец

Насилство во Кочани: Тројца мажи оштетиле возило, а еден од нив нападнал жена