Преку проекти до поголема меѓуетничка интеграција на учениците во источна Македонија

Од:

Просветни работници од 41 општина во земјава денес присуствуваа на регионалниот состанок за претставници од општините и училиштата што се дел од втората фаза на проектот „Децата ќе учат за традицијата и културата на своите соученици од другите етнички заедници“, кој е финансиран од страна на УСАИД . Станува збор за проект што ќе обезбеди меѓуетничка соработка во рамките на образованието.

DSC09073

На директорите и на вработените во основните и во средните училишта во источниот и во југоисточниот регион, денес им се презентираа целите и придобивките од овој проект.

Преку овој проект на учениците ќе им се обезбеди да се запознаат со традицијата и со културата на своите другарчиња што доаѓаат од други етнички заедници, преку интеракција и дружба.

DSC09300

Основното училиште „Гоце Делчев“ од Штип доби грант во висина од 1.200.000 денари од страна на УСАИД за реализација на овој проект. Со помош на овие средства вработените во училиштето ќе треба да изготват проекти и форми за заедничка дружба меѓу учениците од различните етнички заедници. Голем дел од учениците во ова училиште се од ромската заедница.

Пилот-проектот „Децата ќе учат за традицијата и културата на своите соученици од другите етнички заедници“ на Македонскиот центар за граѓанско образование, досега е спроведен во четири општини низ земјава.

М.Р.

Би можело да ве интересира

Штипска Апелација ја укина казната доживотен затвор за Стојанче Зарков, предметот се враќа во Основниот суд

Горан Наумовски

Се опоравува штипјанецот кој се здоби со изгореници гаснејќи пожар

Горан Наумовски

Изгаснат е големиот пожар во Штип

Горан Наумовски

Пожарот над Штип е под контрола

Горан Наумовски

Автомобил се преврте на улица во Штип – заврши во двор на куќа

А1он

Во штипската Клиничка болница донесено мртво новороденче, неговата мајка го родилa во двор