А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Собрание на СРМ: Фитнес салата е направена од „Бетон“ во 2013 година

by А1он08/04/2019 - 14:5108/04/2019 - 14:54397
Share0

Собранието ја информира јавноста дека во рамки на склучениот договор од 25 септември 2013 година, со Друштвото за градежништво БЕТОН АД Скопје, согласно кој набавувачот треба да набави мебел и останата опрема за новоизградените и реконструираните простории, опремена е и собраниската теретана со вкупна вредност од 1.096.383 денари.

Добивај вести на вибер

Теретаната е во функција од 10 јули 2014 година и има едногодишна гаранција, според договорот. Како што денеска соопшти собраниската прес-служба, оттогаш не е одржувана и тендерот од 29.3.2019 е прва јавна набавка за сервисирање и оддржување.

– Собранието е должно, бидејќи се работи за опрема, која веќе претходно е набавена, да не дозволи да пропадне, за што е неопходно одржување и сервисирање. Јавната набавка е во Годишниот план и е во висина до 300.000 денари. Договорот кој ќе се склучи е сукцесивен и вклучува по потреба подмачкување на апаратите и доколку се расипат замена на резервните делови. Ова значи дека 300.000 се максималната сума, но доколку нема потреба од замена на делови, сите пари нема да бидат потрошени, се појаснува во соопштението.

Инаку, поставени се трака за трчање, орбитрек, степер, статичен велосипед, машина за веслање, крос машина, пек дек машина, лег курл машина, хип хоп машина, пул ап дип машина, абдоминална клупа, универзална клупа, скотова клупа, долги олимписки шипки, сталак за плочи, тегови смит машина, плочи и лет машина.

Од собраниската прес-служба, меѓу другото информираат дека со упатство за користење на фитнес салата е предвидено работно време од 09:00 до 20:00 секој работен ден и во сабота од 10:00 до 14:00 часот. Салата можат да ја користат пратениците секој ден и вработените во Службата на Собранието во вторник, четврток и петок од 16:30 по завршување на работното време до 19:30. Во деновите кога се одржуваат пленарни седници, се подвлекува во соопштението, фитнес салата се користи по завршување на седницата.

sobranie

Би можело да ве интересира

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Горан Наумовски05/03/2026 - 11:45

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

Горан Наумовски04/03/2026 - 14:49

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

Горан Наумовски25/02/2026 - 20:36

„Зелено светло“ во Собранието за кратење на функционерските плати

Горан Наумовски25/02/2026 - 15:54

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски19/02/2026 - 14:5019/02/2026 - 14:50

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска

Катерина Ѓуровски18/02/2026 - 12:00
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен